Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Финансиски подостапниот Tesla Model 3, кој Илон Маск со години го ветуваше, конечно пристигна на пазарот.
Новиот модел на технолошкиот гигант Tesla, фамозната „Тројка“, е достапна за клиентите по цена од 35.000 долари. На нивната веб страна, од Tesla овој автомобил го промовираат како модел за сума од 24.450 долари, сосе пресметаната заштеда за данок и гориво.
Пред да биде промовиран и достапен новиот модел на Tesla, нивниот најевтин моде чинеше 42.000 долари.
Новитет кај овој модел е што покривот му е целосно стаклен, за разлика од претходните модели кои имаа метален покрив. Има и капацитет на измината дистанца од 355 километри со едно полнење на батеријата.
Од Tesla нуда ти „Standard Range Plus“ верзија од 37.000 долари со капацитет од 390 километри со едно полнење и поексклузивен ентериер.