Илон Маск ќе вложува 30 милијарди долари во амбициозниот проект Starlink – еве за што станува збор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Технолошкиот иноватори и милијардер Илон Маск изјави дека планира да вложи околу 30 милијарди долари за развој на неговиот амбициозен сателитски проект Starlink. Целта е распоредување илјадници сателити во т.н. ниска орбита, заради брз интернет во слабо развиени области.

Досега, компанијата распореди повеќе од 1.500 сателити и до август ќе има интернет-покриеност на кое било место во светот, освен на Северниот и Јужниот Пол, како што рече Маск во видеоврска на Светскиот конгрес за мобилна технологија – конференција за телекомуникациската индустрија, во Барселона.

– Со текот на времето, инвестицијата ќе достигне 20 или 30 милијарди долари, што е генерално многу. Starlink во мигов работи во десетина земји, кои сè уште се приклучуваат, а има и нешто повеќе од 69.000 активни корисници. На добар пат сме, мислам дека ќе имаме неколку стотици илјади корисници – веројатно над 500.000 корисници, следниве 12 месеци, додаде тој.

Starlink е во процес на развој преку две партнерства со „големите телекомуникациски компании“ за развој на сателитски интернет-сервис, како што вели Маск, но не даде повеќе информации во врска со ова.