Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Социјалните мрежи „горат“ од реакциите и изразот на гнев, револт и незадоволство од илјадници мажи откако Gillette ја лансираше нивната најнова реклама. Поради неа, огромен број корисници се заканија дека никогаш повеќе нема да ги користат нивните производи.
Во најновата кампања во духот на движењето #MeToo, се промовира прекин на ,,токсичната машкост”. Компанијата во рекламата на провокативен начин го истакнува сексизмот, сексуалното вознемирување и малтретирање за што ги смета одгворони мажите и бара нивна промена.
На тоа многу познати мажи, меѓи кои и водителот Пирс Морган јавно изјавија дека веќе нема да ги користат нивните производи.
„Нема веќе да ги користам вашите производи. Не сум лоша личност затоа што сум маж” , беа некои од најчестите коментари на илјадниците мажи, кои ја осудија кампањата.