Илчо Ѓорѓиовски се повлекува од ФФМ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски се очекува во следните часови и официјално да си даде оставка од функцијата.

Својата одлука за повлекување од Федерацијата, Ѓорѓиоски се очекува да ја соопшти на членовите на УО на ФФМ на закажаниот состанок за утре од 12 часот.

Илчо Ѓорѓиоски изминативе шест години беше прв човек на ФФМ, а порталот „Екипа“ пренесува дека добил покана од претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

До назначувањето на нов претседател, ФФМ ќе биде предводена од потпретседателите на федерацијата и првиот оперативец, генералниот секретар Филип Поповски.