IKEA ќе исплати 46 милиони долари оштета за смртта на дете предизвикана од нивно парче мебел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Производителот на мебел IKEA ќе им исплати 46 милиони американски долари обештетување на родители на 2-годишно дете кое починало откако било фатално згмечено од шкаф „Малм“, парче мебел поврзано со неколку смртни случаи на деца од случајни паѓања, гласи судската одлука која вчера беше објавена во медиумите.

Џозеф Дудек починал во 2017 година во Буена Парк, Калифорнија, кога се качил на нискиот шкаф, кој се превртел врз него и го згмечил. Една година порано, Комисијата за безбедност на производите за потрошувачите (ЦПСЦ) соопшти дека знае за четири деца што загинале од шкафовите „Малм“, што ги навело ЦПСЦ и шведската компанија Икеа за почнат масовно повлекување на производите.

Биле повлечени околу 8 милиони фиокари и шкафови „Малм“, заедно со уште 21 милион други парчиња мебел. Потрошувачите можеле да изберат дали сакаат да им се вратат парите или да добијат комплет за зацврстување на мебелот на ѕид.

Но семејството Дудек не знаело за повлекувањето, а IKEA воопшто не ги контактирала за тоа, изјавија вчера адвокатите на семејството.

Крег и Јолен Дудек ја тужеле IKEA, тврдејќи дека компанијата знаела за проблемот со години, но не успеала да го среди.

Се верува дека спогодбата од 46 милиони американски долари е најголемата за случајна смрт на дете, велат адвокатите на Дудек.

Семејството денеска на прес-конференција рече дека планираат да донираат 1 милион американски долари за активистички групи како што се „Деца во опасност“ и „Федерацијата на потрошувачи на Америка“, кои предупредувале за опасностите од превртување на мебелот. Адвокатите на семејството рекоа и дека еден од извршните директори на Икеа се согласил да се сретне со активистичка група формирана од родители чии деца загинале од паднат мебел.

IKEA не е единствената компанија што се соочува со проблемот со превртување. Во извештајот на ЦПСЦ во ноември се вели дека 556 смртни случаи се поврзани со инциденти со превртувања од 2000 до 2018 година, претежно деца врз кои паднало парче мебел.