Икарди започна со тренинзи: Протекоа детали од разговорот со претседателот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мауро Икарди денес ги обнови тренинзите со остатокот од тимот на Интер, откако повеќе од еден месец беше надвор од терените.

На Икарди најпрво му беше одземена капитенската лента, а причините за тоа клубот официјално се уште не ги соопшти. Од тогаш Аргентинецот одби да игра под изговор дека е повреден.

Иако лекарските прегледи утврдија дека Икарди не ја зборува вистината и дека е спремен за игра, сепак аргентинскиот напаѓач одбиваше да тренира со остатокот од тимот, а тренерот Спалети и понатаму одбива да го повика за натпреварите.

Многумина ја обвинија неговата сопруга и менаџер Ванда Нара за целиот скандал, бидејќи се започна околу одолговлекувањето на потпишување нов договор.

Двете страни конечно постигнаа „примирје“ и Икарди се согласи да се врати да тренира со остатокот од тимот и најверојатно ќе биде повикан за следниот меч со Лацио.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот имал состанок со претседалеот на „нероаѕурите“ Стивен Жанг, кој наводно бил клучен играчот конечно да се врати во тренажен процес.

„Никогаш не сум си се однесувал без почит кон било кого. Сум учествувал на 97, 5 проценти од тренинзите, никој не се пожалил на моето однесување и професионализам. Тоа што ми ја одземавте капитенската лента беше бесмислено понижување“ му порачал Икарди на претседателот Жанг.