ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Преспанскито договор е мртов – очекуваме победа ако има предвремени избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Преспанскиот договор е мртов и е празно слово на хартија. Резултатите од референдумот не ги признаваме. Заев ќе го победиме на избори“, изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски, по одржаната седница на Извршниот комитет (ИК) на партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека договорот од Преспа е политички мртов и е празно слово на хартија. ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе следните заклучоци: да се формира анкетна комисија во Собранието составена од пратеници. Иницијатива за формирање веќе е поднесена, Комисијата која ќе има задача да ги истражува сите неправилности и нерегуларности коишто се случија на денот на референдумот, а се далеку од демократските и европски принципи. И веднаш потоа заклучоците да се процесираат пред органите на прогонот. И оние коишто правеа неправилности пред денот и на самиот референдум да бидат санкционирани според изборниот и кривичниот законик.

2. Барање за разрешување на Јавниот обвинител кој е предложен од Владата а не ја извршува својата задача согласно ингеренциите односно замижува пред очигледниот криминал и нерегуларности пред денот на референдумот и на денот на референдумот. Бараме избор на нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата кој што ќе треба да се позанимава со сите овие нерегуларности.

3. Доколку Заев има намера да распише избори, би сакал да кажам дека ќе го победиме. Покрјуовие две барања, потребно е веднаш да се почитува договорот и Законот за избори каде што ќе се формира техничка Влада според пржинскиот модел со мандат од 100 дена. Оставки на Заев, Спасовски и Царовска и министри за внатрешни и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори.

Извршниот комитет одлучи да се формира републичкиот изборен штаб и градскиот изборен штаб. За претседател на републичкиот изборен штаб избран е генералниот секретар Игор Јанушев, а за градскиот штаб избран е потпретседателот на партијата Владо Михајловски.