Игуаин да го напушти Јувентус? Еве што вели Недвед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Гонзало Игуаин ова лето може да го напушто актуелниот италијански шампион Јувентус.

Силен интерес за Игуаин покажува раководството на Челзи кое е пред ангажман на неговиот поранешен тренер Маурицио Сари.

Притоа денес во италијанските медиуми се појави шпекулација дека Јувентус е спремен да го даде Игуаин и 50 милиони евра за Мауро Икарди.

Во моментов Игуаин е на подготовки со аргентинската репрезентација, а коментар на шпекуалциите даде потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед.

„Не сме загрижени за евентуалното заминување на Игуаин. Ќе видиме што ќе се случи после Мундијалот. Еден клуб треба да ги прави играчите среќни, нема смисла да го задржиш играчот доколку не е среќен. Треба да седнеме на маса и да донесеме заедничка одлука“, изјави Недвед.