Игри кои поголемите и помалите деца можат да ги играат заедно без да се караат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Психотерапевтот за деца и семејство, докторката Френ Волфиш од Шекнос, вели дека одредена доза на кавга, задевање и натпреварување меѓу децата, вклучително и браќата и сестрите, е нормална појава.

Меѓутоа, треба да се внимава тоа да не премине во нешто повеќе и посериозно, а тоа најдобро се спречува со разговор и внимателно одбрани заеднички игри. Волфиш истакнува дека доста често, кога децата се караат околу некој предмет или се борат за надмоќ, во суштина се борат за родителско одобрување и љубов. Сакаат да бидат омилени.

„Родителите на секое дете треба да му обезбедат доволно време поминато со мама и тато и тоа одделно“, вели Френ и препорачува воведување на „специјално време“ за секој родител со секое од децата во дневната рутина.

Секое посебно одведете го, на пример, во кујната и со него разговарајте за секојдневни нешта или за нешто што го мачи. А со сите заедно разговарајте за чувства како што се љубомора, лутина и тага, така што продуктивно и прогресивно ќе ги насочувате малите.

Детектив

Добра игра која на помалите и поголемите деца може да им биде забавно да ја играат заедно. Децата меѓусебно си поставуваат и лични прашања од типот која им е омилена боја, најдобар пријател, од што најмногу се плашат и слично, а родителите можат или да го набљудуваат играњето, или и тие да се вклучат.

Тоа е одличен начин за меѓусебно приближување и продлабочување на односот, а играта може да премине и во вистинско детективско искуство со криење и барање предмети со помош на детални прашања и одговори.

A post shared by shapemags (@shapemags) on

Градење кула

Понекогаш сè што треба да направите за да ја прекинете кавгата или тепачката е задавање задача на која децата ќе мора да работат заедно. Тука се добредојдени активности кои подразбираат конструирање и градење, како градење кула или шатор од ќебиња и перници. Дозволете им кулата да ја изградат до вечер, кога од неа ќе можат да гледаат цртан филм или да си играат во неа.

Деца против возрасни

Играјте некоја тимска игра за која се потребни два тима, како фудбал, кошарка или слично, и тоа така што родителите ќе играат против децата. Членовите на еден тим ќе мора да соработуваат еден со друг и да си веруваат меѓусебно, па така ќе се гради и поврзувачки однос меѓу децата.

Комплименти

Ако исмевањето и навредувањето се дојдени до точка тешко да можат да се поднесат, воведете корективни мерки. Нека секое од децата каже нешто убаво за другото, поради што го цени или во што е добро. Со тоа децата ќе се потсетат дека е добро да се има брат или сестра, но и ќе развиваат чувства дека емоциите треба повеќе да се ценат.