Играше за Јуве и Челзи, но кокаинот уништи се!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Респектабилна кариера која беше уништена од кокаин. Белите линии на маса му беа многу помили од оние кои го означуваат фудбалскиот терен, иако неговиот талент ветуваше многу во професионалниот фудбал.

Добрите познавачи веднаш ќе препознаат дека станува збор за Романецот Адриан Муту. Челзи за неговите услуги плати 21 милион фунти, сепак тој во Лондон само запаѓаше во проблеми.

Поради позитивен допинг тест доби забрана за играње од девет месеци додека играше за Фиорентина. Се појави пијан на забавата која ја приредуваше индиската амбасада- поради што му пропадна договорот во тамошната лига.

Во кариерата ги носеше дресовите на романските Агрес Питистиј и Динамо Букурешт, па потоа Интер, Верона, Парма, Челзи, Јувентус, Фиорентина, Чезена, Ајачио, Петролул и Тарку Мурес.

Муту е само еден во низата на големи таленти кои пропаднаа поради некој порок. Некои поради алкохол, други поради дрога…