Игра на среќа – лотарија

среќа - лотарија

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првите записи за Лотарија се Кено игри од Кинеската Династија помеѓу 205 и 187 година п.н.е. Со парите собрани од лотаријата се потпомогнала финансиски изградбата на Кинескиот ѕид. Од тогаш како игра на среќа – лотарија се има употребувано во многу форми и облици.

Првата позната Лотарија во Европа е за време на Римската империја. Со секој тикет тогаш се освојувало нешто т.е секој тикет бил добитен. Првите записи за лотарија во Европа се дека нудел Октавијан Август, на победниците им се давало уникатни предмети.

Одлична игра за испорбување на среќа – лотарија

Со купувањето на тикет за Лотарија нема да дознаете на кој модел е базирана максималната вредност. Односно според кој модел и колкава ќе биде веројатноста за добивка. Причина зошто тикетите чинат повеќе од очекуваната добивка e затоа што е пресметана и провизијата што ја добиваат организаторите односно профитот. Доколку не би постоело такво нешто никој не би организирал лотарија и не би постоел ризикот кој ја прави возбудлива. Гледано на индивидуално ниво, тикетите се многу евтини во споредба со сумата која може да се освои. На сите тоа им е привлечно дека со многу малку може да се збогатат.

Веројатност за добивка

Шансите за освојување на премијата може да варираат во зависност од дизајнот на Лотарија. Фактори кои влијаат се

  • Колку броеви се можни за погаѓање
  • Колку од броевите се извлечени
  • Редоследот на броевите
  • Дали веќе израните броеви може повторно да се извлечат

Во едноставно лото 6-од-49, играчот избира шест броеви од 1 до 49 (не се дозволени дупликати). Ако сите шест броја на тикетот на играчот се совпаѓаат со оние што се добиваат од барабанот (без оглед на редоследот по кој се извлекуваат броевите), тогаш играчот е добитен. За таква лотарија, шансата да се биде добитен  е 1 во 13.983.816. Кога станува збор за највисоката добивка. Но повеќето лотарии нудат добивки барем за првите 20 најдобри играчи. Може дасе игра со системи и слично, се со цел да се дојде до добивка.