Home Актуелно Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, уапсен во Бугарија

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, уапсен во Бугарија

По распишана потерница од МВР, во Бугарија беше уапсен Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, пренесува ТВ21.

Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но тоа не се случи. Наместо тоа, тој побегна.

Поранешен припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој досега има отслужено шест години затвор.

Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестирање.

Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив. Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.

Информацијата за ТВ 21 ја потврдило и МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…