Игор Југ саркастичен за пресудата: „Ме пониживте со 12 години затвор, требаше 15 да изедам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осудениот Игор Југ на саркастичен начин ја коментираше пресудата за него во која доби 12-годишна затворска казна како обвинет за случајот со упадот во Собранието.

Во врска со барањето за определување на мерка притвор кажа дека да бил во неговата матична земја Хрватска и да направел 10 отсто од она што го направил за Македонија, ќе бил прогласен за херој, а овде го прогласиле за терорист. Југ посочи дека „голо куче“ не може да избега.

„Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Терористите се кријат во банана држави и си ја плаќаат слободата со милиони. А јас со што да си ја купам слободата, да му дресирам кучиња на Виктор Орбан? Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам“, рече Југ кој е во притвор.

За него обвинителството бара продолжување на мерката.