Игор Дурловски си даде оставка на позициите директор на МОБ и професор на ФМУ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оперскиот пејач Игор Дурловски поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност, објави Нова Македонија.

„Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“, изјавил Дурловски.

Тој откри дека последен ден на работа во МОБ ќе му биде 25 мај, а на позицијата професор во ФМУ ќе остане до крајот на јунската испитна сесија.

Игор Дурловски во последните неколку месеци беше дел од движењето „За Заедничка Македонија“ како и еден од неговите главни организатори на протестите. Тој исто така беше дел од толпата која влезе во Собранието за време на насилството кое се случи на крвавиот 27 април.