Игор Ангеловски најмалку платен од селекторите на Европското првенство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чешкиот медиум „Испорт Блеск“ ги објави платите на сите селектори од репрезентациите кои се натпреваруваа на Европското првенство.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски има најмала годишна плата во споредба со останатите селектори.

Убедливо најплатен е Јоаким Лев со годишна плата од 10,1 милион евра, а после следува селекторот на Франција, Дидие Дешамп кој годишо прима 9,3 милиони евра.

Според медиумот годишната плата на Ангеловски изнесувала 191.000 евра.