Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Јувентус овој викенд го освои осмото Скудето во низа и за „бјанконерите“ практично оваа сезона е завршена, бидејќи се елиминирани во Купот и Лигата на шампиони.
Медиумите тврдат дека на лето ќе дојде до промени во тимот на „старата дама“, а меѓу играчите кои можат да го напуштат клубот е и босанскиот плејмејкер, Миралем Пјаниќ.
Неговиот менаџер Фали Рамадани наводно веќе имал преелиминарни разговори со Реал Мадрид и Манчестер Сити, па веќе го припрема теренот за трансфер.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека останувањето на Пјаниќ во редовите на Јувентус зависи од однината на тренерот Масимилиано Алегри. Доколку тренерот остана и следната сезона во тој случај 29-годишниот плејмејкер сигурно останува бидејќи Алегри го смета за клучна фигура во тимот.
Весникот тврди дека не е исклучена можноста Пјаниќ во наредните седмици да потпише и нов договор со Јувентус. Тоа е намерата на „старата дама“ за да го спречи интересот на Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Актуелниот договор на Пјаниќ истекува во 2023 година, па доколку одлучи да замине, Јувентус за неговата слобода ќе бара најмалку 80 милиони евра.