Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
3D проектиран суперасфалт кој ќе трае двојно или тројно подолго од обичниот е новиот револуционерен патен инфраструктурен потфат кој го планира Русија.
Временската издржливост на овој суперасфалт, наместо 4-5 години колку што трае обичниот, ќе биде 12 години. Во следните две години Русите имаат во план да покријат илјадници километри од нивната инфраструктурна патна мрежа со суперасфалт.
3D проектирањето на асфалтната маса се прави согласно условите на теренот, што значи дека асфалтот е прилагоден на временските услови, густината на сообраќајот и типот на подлогата. Во зависност од тоа се одредува и неговиот состав. Асфалтот се меша во етапи и се тестира во секоја фаза.
Оваа технологија одамна се применува во САД, а во Русија само три години. Досега е користена на патиштата А-114 Вологда-Тихвин, М-5 „Урал”, А-108 Московска кружна магистрала, како и на некои делници од патот „Таврида” и на патот покрај Кримскиот мост. Оваа метода не е евтина. Стручњаците сметаат дека ќе биде применувана само на патиштата од федерално значење. Својата ефикасност, додаваат експертите, технологијата ќе ја покаже дури по неколку години. Федералната агенција за патишта истакнува дека цената може да се намали доколку се користат локални материјали. Освен тоа, генерален ремонт на патиштата ќе биде потребен поретко: на секои 24 години.
Извор: Russia Beyond