Иднината ќе биде безмислосна: 12 секојдневни нешта кои наскоро ќе исчезнат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фиксните телефони се речиси исчезнати, а видеокасетите веќе некое време целосно ги нема. Со перманентниот и забрзан технолошки прогрес, постојат и многу други нешта кои се дел од нашата секојдневност, а кои во блиска иднина или ќе излезат од мода или ќе станат безвредни.

Во нашето секојдневие има толку многу работи на кои „се палиме“ и не можеме да го замислиме животот без нив, а за следната генерација веќе би можеле да бидат целосно непознати и безвредни. Листата со нешта за кои се предвидува дека иднината ќе биде безмилосна и целосно ќе ги исфрли од употреба би можела да ве зачуди и шокира.

Чоколадо

Не сакаме да ве шокираме уште со првата ствар, но сепак, да се соочиме со вистината. Можеби еднаш ќе дојде денот кога ќе треба да се простите од омиленото чоколадо. Со оглед на темпото со кое се намалува производството на какао, не е исклучено дека чоколадото ќе мора целосно да се укине. Аналитичарите веруваат дека сè поголем е јазот помеѓу побарувачката и понудата на чоколадо кој во иднина само ќе се зголемува.

Злато

Ова би можело да биде лоша вест за многумина. Залихите од жолтиот драг и скапоцен метал под површината на Земјата полека исчезнуваат. А рударите се повлекуваат од копањето и потрага по злато. Вложувањата во златото паѓаат, а се очекува дека и пазарот со злато ќе падне за 15-20 насто во следните неколку години.

Пари

Парите, па дури и кредитните и дебитни платежни картички наскоро ќе престанат да имаат смисла. Како што никој пред 50 години не можеше ни да замисли дека кешот ќе биде заменет со картички, во следните 50 години доаѓа уште една трансформација во методите за трансакција. Вашите смартфони и отпечатоци ќе бидат сосема доволни за купување намирници и други ваши омилени производи.

Потписи

Потписите наскоро ќе бидат „умрена“ работа. Најновиот технолошки напредок е биометриката како ирисот, отепечатокот од прст и препознавање на гласот. Нема шанси некој да може да ви го фалсификува вашето око или отисокот од прстот. Или барем се надеваме дека тоа нема да е така едноставно како со фалсификување на потпис.

Далечински управувач

Постои голема зависност од овие провокативни творби. Освен тоа, тие лесно се губат и често имаме мака со нивно барање. Но, со напредокот на технолошките иноваци, потребата од далечински управувач наскоро ќе биде завршена. Гласовните наредби и гласовното пребарување ќе бидат доволни за промена на ТВ канал. Amazon Echo е сличен пример кој користи гласовни команди.

Работници во ланците на ресторани за брза храна

Примање нарачки, подготовка на јадењата и послужување на муштериите се работни места кои наскоро ќе ги извршуваат роботи. Додека екраните на допир ќе бидат инсталирани за бирање на нарачките од менито, а вашите омилени оборци ќе ги подготвуваат ботови. Доставата на храна нема да биде проблем.

Хирурзи

Експертите од областа на медицината наскоро ќе бараат промена на работните места. Со вештачката интелигенција и роботските решенија кој стекнуваат контрола, сите големи операции ќе можат да бидат извршени од специјализирани роботи за таа намена. Дали кога би ве оперирал робот би се чувствувале побезбедни или поскептични?

Дијабетес

Дијабетесот ќе биде само грдо минато од човечката историја на здравството. Пров, научниците веќе бараат клон на шеќерот кој ќе изгледа и има вкус како шеќер, но без неговите лоши состојки и ефекти. Ако тоа не биде доволно, лицата со дијабетес ќе можат да си вградат здрави клетки во панкреасот, за да го спречат прогресот на самата болест.

Приватност

Каде и да сте, каде и да сте тргнале, со напредокот на интернетот секогаш ќе бидете достапни за надзор. Наскоро ќе се меморираат сите ваши навики од сурфањето и начинот на купување, па нема да бидете функционални ако не сте на интернет. Тоа може да се смета за крај на приватноста. Дали го сакаме и сме спремни за тоа?

Брави и клучеви

Тие ќе станат целосно минато во следните 20-30 години. Можеби ќе треба да ги носите вашите деца или внуци по музеи за да видат што е тоа клуч или брава. Кој ќе се грижи за безбедноста на вашите ствари? Читачите на чипови ќе ја бркаат таа работа. Некои автомобили веќе воведоа иновации во стартувањето со копче.

Полначи

И тие наскоро ќе станат сосема непотребни. Во безжичниот свет на Bluetooth, NFC и Wi-Fi, сè што ни треба ќе биде површина за полнење, без никакви кабли, секако. Можеби мислите дека тоа веќе го создадоа во Tesla, но има уште. Постои веројатност дека далечинското напојување наскоро ќе стане стварност и ќе можете да го полните вашиот телефон од било кое место, без физички контакт.