Идната италијанска премиерка зазеде страна во воениот судир меѓу Русија и Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Идната премиерка на Италија, Џорџа Мелони, преку твитер вети целосна поддршка за Украина од нејзината претстојна влада.

„Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!“, напиша Мелони на Твитер.

Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше дека е на страната на Киев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски исто така преку Твитер ѝ честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.