„Идиот, куче, свиња, бебе“: Роберт Де Ниро распали по Трамп (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната холивудска легенда Роберт де Ниро распали по американскиот претседател Доналд Трамп со низа жестоки вулгарни зборови и пцовки, на церемонија на доделување на наградата на Националниот одбор за рецензија на филмови во Њујорк.

Де Ниро, кој е жесток критичар на Трамп, не се воздржуваше во навредите кон Трамп, кого меѓу другото го нарече идиот и будала.

„Тој ебан идиот е претседател. Император на нови алишта. Човекот е ебан идиот. Бебе, рече Де Ниро по што во рок од 60 секунди Трамп го нарече „куче“, „свиња“, „измамник“ и „човек што не знае што зборува“.

Актерот на претседателските избори во 2016 година во САД застана зад кандидатурата на Хилари Клинтон и отворено го критикуваше Трамп.