Идиличен спој на вежбање во теретана и пловење по Сена – еве го концептот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата позната по иновации и дизајн Carlo Ratti Associati го најави проектот Paris Navigating Gym project, ексклузивен брод придвижуван со енергија креирана од луѓе кој ќе полови по течението на реката Сена. Овој проект е заедничка иницијатива со други компании и е одговор на барањата на локалното население во однос на урбаната и јавната инфраструктура.

14-12-teretana-sena1

Целта на овој проект е да се покаже потенцијалот на човечката енергија за напојување на возила. Бродот ќе биде долг 20 метри и ќе може да собере до 45 луѓе. Ќе биде опремен со фитнес опрема од брендот ARTIS, преку кои ќе се собира и складира енергијата. Освен тоа, луѓето ќе можат даја следат сопствената енергија и надворешните услови преку екран со засилена реалност кој прикажува податоци во реално време.

14-12-teretana-sena3