Иџе ќе стартува од четвртата позиција на Нирбургринг


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе стигна до четвртото најбрзо време на квалификациите за трката во Нирбургринг со заостанување од една и пол секунда зад победникот.

Стефановски квалификациите ги заврши на четвртата позиција. На првата позиција е Шрајбер со Хонда, втор е Фулин, трет Мота, а и обајцата возат Сеат.

„Во тимот владее добра атмосфера. Посебно по одлично реализираните тренинзи вчера и денес. Се е подготвено за трките утре, на кои очекуваме да се покажеме во моќно издание. Очекуваме добри резултати и мошне интересна трка“, изјави Стефановски.

Иџе има вкупно 15 бода, по двете од вкупно шесте трки во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Моментално е петти на табелата, каде лидер е Швајцарецот Шрејбер со вкупно 40 бода.