Идентификуван еден од напаѓачите на Зијадин Села?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тетова Сот објави фотографија на еден од напаѓачите во Парламентот за кој тврди дека учествувал во претепувањето на градоначалникот на Струга, Зијадин Села, пренесува Макфакс.

Тој е еден од четворицата што, според медиумот, се гледа на видео како го влече Села .

Според пишувањето на Тетова Сот, станува збор за Кире Ѓорѓиевски од Скопје, поранешен член на македонските воени сили за време на војната во 2001 година, а сега вработен во ЕЛЕМ Македонија. Како што се тврди, тој бил близок соработник на поранешниот премиер Никола Груевски и близок соработник на директорот на Државниот архив, Филип Петровски.

Досега Министерството за внатрешни работи приведе 12 учесници во насилните напади во македонскиот Парламент, но според медиумот, не е познато дали меѓу нив е и ова лице.