Идеалниот тим на Примера без ниту еден играч на Реал Мадрид (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Традиционално после завршувањето на секоја сезона во шпанскиот шампионат се прави избор на најдобриот тим на сезоната во Примера.

Титулата повторно беше освоена од страна на Барселона, а Реал Мадрид доживеа потполно фијаско со оглед на тоа дека заврши на третата позиција и со 19 бодови помалку од Каталонците.

Поради тоа оваа година во идеалниот тим на Примера не се најде ниту еден играч на Реал Мадрид. Порталот WhoScored.com при изборот во предвид ги земенаше и просечните оцени кои секој играч ги добиваше за време на сезоната.

На голот на овој тим се наоѓа голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, десен бек е Пења од Еибар, а лев неговиот соиграч Коте, додека стопери се Пике од Барселона и Марипан од Алавес.

Средниот ред е составен од Дани Парехо од Валенсија, Родриго од Атлетико, Дембеле и Меси од Барселона, додека во нападот се Луис Суарез од Барса и Јаго Аспас од Селта.

https://twitter.com/BT_Stats/status/1130510241400070144