ИДЕАЛНА ТЕЖИНА: Еве колку изнесува совршената а колку здравата тежина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дебелеењето е еден од најчестите здравствени проблеми ширум светот, а се пресметува според индексот на телесна маса.

Така многумина на кои тој индекс им е над нормалното, имаат потенцијал за некои заболувања. Тие заболувања може да бидат од најразличен тип, и се многу чести.

Како се пресметува индексот на телесна маса (BMI)?

Тој индекс е метода со која се смета ухранетоста, а се темели на однос на телесна тежина и висината на луѓето. Тој се пресметува со оваа формула:

  • Тежина (килограми) : Висина² (метри) = Индекс на телесна маса.

Па така за некоја личност со 62 килограми која е висока 1,69 метри би се пресметало вака:

62 : (1,69 * ,69) = 62 : 2,85 = 21,75

Овој индекс на просечна жена во Америка изнесува 26,5 што спаѓа во категорија на прекумерна тежина. А кога станува збор за Европа, повеќе од половина континент е со прекумерна тежина.

Која е идеалната телесна тежина за жени?

Идеалната телесна тежина претставува најздравата телесна маса, а вака изгледа индекстот за сите типови на жени:

  • Неухранетост – под 18,5
  • Нормална тежина – 18,5 до 24,9
  • Прекумерна тежина – 25.29.9

Идеалната телесна тежина би требало да се движи во опсег од 18,5 до 24,9. Исто така индексот може да се пресмета и преку обемот на струкот каде што играат улога мастите на телото, и се препорачува обемот на струкот да биде под 80 сантиметри.