Идеалена разлика во возраста?

Идеалена разлика во возраста?

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колку години е премногу старо? Или можеби клучот за добар љубовен живот е да се биде во врска со помлад маж.

Сè почесто споменувана тема денес е разликата во годините меѓу паровите. Различни ставови и искуства се спротивставуваат во однос на прашањето колку еден од партнерите треба да биде постар, ако тоа е воопшто важно за квалитетна врска. Соработникот на Cosmo, Наталија Радојевиќ, истражува дали навистина постои идеална разлика во годините и колку годините воопшто се пресудни за опстанокот на врската?

Тогаш и сега

Порано се сметаше дека максималната дозволена разлика меѓу маж и жена е до 15 години. Исто така, општо се веруваше дека мажот треба да биде постар, бидејќи жените побрзо созреваат. Меѓутоа, работите се променија со текот на времето, па така се зголемува трендот на парови каде што мажите се помлади од жените, многу помлади. Некои дури веруваат дека таквите бракови имаат поголеми шанси за успех. Се чини дека станува збор за ставот дека жената се чувствува помлада покрај помлад маж, додека тој се чувствува безбедно со неа, бидејќи има некој кој ќе ја води низ животот. Жените во ваквите врски обично се самоуверени, имаат големо искуство и точно знаат што сакаат, што придонесува за хармонија на врската.

Која е прифатливата разлика денес?

Научниците веруваат дека идеалната разлика меѓу сопружниците е 7 години, во корист на мажот. Со оваа разлика, покажаа студиите, мажот е доволно зрел да знае како да комуницира со својата сакана и може да развие заштитнички однос кон неа.

Резултатите од друго истражување, спроведено во Америка, меѓу 2.000 испитаници, покажале дека идеална старосна врска е кога мажот е 4 години и 4 месеци постар, иако повеќето од испитаниците се согласиле со заклучокот дека разликата во годините всушност нема никаква врска со успехот на врската. Исто така, во анкетата, само една од секои сто жени изјавила дека би сакала да биде во врска со помлад маж.

Во понатамошните истражувања е утврдено дека финансиската стабилност значително влијае на овој избор, односно дека поради финансиската стабилност жените често преферираат постари мажи. Жените со сигурна финансиска иднина полесно избираат помлади партнери од вторите, покажа истражувањето.

Некои веруваат дека разликата во години може да биде предмет на конфликт во врската, бидејќи претставува „судир на генерации“, иако практиката покажува дека тоа нема никаква врска со успехот на бракот. Значи – не постои универзално валиден најдобар сооднос на години.

Дали големата разлика е проблем?

Сите ние, врз основа на нашите лични афинитети и карактеристики, бараме личност која би ни одговарала, за некого тоа е постара, а за други помлада личност. Сепак, огромната разлика во возраста е сè уште табу. Многу бракови на познати личности беа предмет на негодување токму поради тоа.

Психолозите истакнуваат дека разликата во годините навистина може да предизвика потешкотии, особено кога едниот од партнерите е во дваесеттите години, а другиот, да речеме, веќе зачекори во четириесеттите. Секој треба да помине низ период на созревање, а секако дека дваесетите се возраста кога имаме различни ставови и размислувања отколку подоцна во животот.

Дури и да има пресметка на идеалната разлика во години, тоа не би гарантирало успех на бракот. Зошто? Токму затоа што има многу поважни критериуми за вашиот меѓусебен однос. Љубовта е пред се рамноправен однос во кој влегуваме како рамноправни, без разлика во годините и ако нема разбирање и толеранција од двете страни, тоа нема да трае долгорочно.