Ибрахимовиќ после еден пораз во MLS лигата: Имам 300 милиони на сметка и остров, не ми треба ова“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Планетарно популарниот и харзматичен фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше вистинска ѕвезда во американската MLS лигата.

Шведскиот напаѓач одигра две добри сезони за ЛА Галакси во САД и често поради своите потези се наоѓаше во центарот на вниманието. Меѓутоа Ибра не беше секогаш задоволен од своите колеги. Неговиот поранешен соиграч Жоа Педро откри дека Ибрахимовиќ после поразот од Хјустон Динмо (3:2) 2018 бил исклучително лут.

„На крајот од натпреварот Ибра одржал говор. Застана и ни кажа: „Ако сте дошле тука на плажа или да се прошетате до Холивуд само кажете ми. Јас имам 300 милиони на сметка и сопствен остров, ова навистина не ми треба.“, откри Педро дел од зборовите на Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ постигна 52 гола на 56 настапи за Галакси и самиот себе се смета за најдобар играч кој некогаш играл во МЛС.

„Правев неверојатни работи. Не се шегувам, себе се сметам за најдобар играч во МЛС“, изјави во една прилика Ибрахимовиќ.

Ќе потсетиме Ибрахимовиќ по ЛА Галакси се врати во Европа во дресот на Милан.