Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ изјави дека се чувствува како филмскиот херој Индијана Џонс, поради трофеите кои ги освоил во кариерата.
Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Сент Етјен и тоа со трите гола на Златан Ибрахимовиќ, кој уште еднаш истакна дека неговата цел се исклучиво трофеите.
„Секој трофеј за мене е неверојатен, каде и да играв освојував трофеи, па доколку и овде освојам ќе бидам пресреќен. Луѓето кои му познаваат знаат дека сум играл во многу клубови и дека секогаш давам се од себе. Јас сум како Индијана Џонс“, заклучи Ибра.
35-годишниот Ибрахимовиќ има имперсивна кариера и освојуваше бројни шампионски титули со Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, но немаше голем успех во европските натпреварувања.