Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ги негираше тврдењата дека намерно го удрил во главата Шејмус Колман на мечот со Евертон.
Двајцата се судрија при една ситуација на почетокот на второто полувреме и останаа сомневањата дека Швеѓанецот намерно го удрил во глава Колман.
Од видеото навистина е тешко да се процени дали Ибрахимовиќ имаше намера, но Швеѓанецот излезе со свој став за тоа што ќе се случело доколку навистина сакал да го удре Колмен.
„Имаше доста физички дуели за време на натпреварот, тие играа доста цврсто. Слушнав дека еден од коментаторите кажа дека јас сум удрил некого во глава. Тоа беше дуел 50-50 и тој ме повлече доле. Верувајте ми, ако сакам да удрам некој во главата, знам како да го направам тоа и да го испратам на спиење. Тоа е единственото што имам да го кажам“, истакна Ибра.