Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мундијалот во Катар влегува во самата завршница и преостануваат само уште четири натпревари. Златан Ибрахимовиќ со својата Шведска не учествуваше на ова Светско првенство, а сега Ибра си ги кажа своите очекувања.
Напаѓачот на Милан очекува трофејот на крајот да заврши во рацете на Меси.
„Мислам дека веќе е запишано кој ќе победи, и знаете на кого мислам. Очекувам Меси да го крене трофејот, тоа е веќе запишано“, истакна Ибрахимовиќ.
Аргентина вечерва ја чека полуфиналето во кое ќе се соочи со селекцијата на Хрватска, а трофејот сакаат да го освојат сите.
„Не е толку важно што ќе кажам јас. Сите сакат да го освојат Светското првенство, но на крајот не можат сите да бидат победници. Јасно е дека емоциите ве совладуваат кога нема да успеете… има емоции и кога ќе го освоите мундијалот, но тие се сосема поразлични“, додаде Швеѓанецот.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина се игра во терминот од 20:00 часот. Второто полуфинале на програмата е утре во истиот термин и во него ќе се сретнат Франција и Мароко.