Ибра – Погба шоу: Затоа те купивме! Не, тебе те купија, јас дојдов без пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба беа исклучително добро расположени после триумфот над Саутемптон и трофејот во Лига Купот.

Ибрахимовиќ и Погба пристигнаа на „Олд Трафорд“ минатото лето, едниот како слободен играч, а другиот како најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Токму тоа беше темата на интересното интервју кое денес е хит на социјалните мрежи. Во моментот кога Погба рече дека Ибра покажал за што е купен, тогаш се замеше корпулетниот напаѓач и го потсети.

„Ме купија? Не, тебе те купија, јас дојдов без пари“, низ смеа прокоментира Ибра.

Иако дојде без обештетување Ибра се покажа како најдоброто засилување во Премиер лигата оваа сезона и веќе со своите голови му донесе два трофеи на Јунајтед оваа сезона.