Ибра: Не сакав да си заминам од Милан, Галиани ме испрати во пакет со Тиаго Силва!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Иако само две години играше во Милан, Златан Ибрахимовиќ осрави длабока трага во тој клуб, а и „росонерите“ останаа засекогаш во неговото срце.

Ибрахимовиќ во интервју за „Фокс“ истакна дека Милан е клуб каде се чувствувал најдобро во текот на кариерата и никогаш не сакал да го напушти тој клуб.

„Ситуацијата за мене во Барселона не беше добра, не бев задоволен. Тогаш се јави Милан и веднаш ја прифатив нивната понуда. Имав голема мотивација и имавме фантастичен тим: Пирло, Гатузо, Неста, Сидорф, пристигнаа Робињо и Боатенг кои играа одлично. Сакав да го освојам Скудетото по секоја цена, па колкумина можат да се пофалат дека имаат титула со Интер, Милан и Јувентус?“, раскажува Ибра.

„Се сеќавам кога го освоивме Скудетото, Адриано Галиани влезе во соблекувалната и имаше во рацете дрес од Интер. Го скина пред сите беџот со Скудетото и рече: Ова е сега наше!“

„Никогаш не сакав да си заминам од Милан. Тоа е клуб каде се чувствував најдобро, а и моето семејство беше одлично во Милано. Меѓутоа Галиани ме испрати во ПСЖ во пакет со Тиаго Силва. Тоа беше ризичен потег, но јас немав избор, бев приморан да го напуштам Милан“, открива Ибрахимовиќ.