Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ по крајот на сезоната во Италија летува на луксузна јахта со невенчаната сопруга Хелен и синовите Винсент и Максимилан.
Асот на Милан се наоѓа во монденското Сен Тропе во Франција, летувалиште познато како одморалиште на светскиот џет сет. Популарниот Ибра како вистински спортист не се опушта ниту кога е на одмор.
Швеѓанецот и на одморот напорно вежба за да остане во форма,пред очите на неговата 11 години по возрасна невечана сопруга, поранешната манекенка Хелен Сегер со која има два сина.
Златан пк покрај редовните вежби најде време и да се забавува во водените спортови. Славниот фудбалер по напорните вежби за истегнување се олади во водите на Медитеранот секако скокајќи од високата јахта во морето.
На луксузната јахта убавата Хелен покажа дека и на 50-годишна возраст сеуште има тело на кое може да и позавидат помладите девојки и дека без проблем може да се соблече во бикини.