Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ понекогаш е фино момче кое одеднаш станува идиот кој ги напаѓа своите соиграчи, изјави неговиот поранешен репрезентативен колега Андерс Свенсон.
„Може да биде неверојатно фин, а секунда потоа да се однесува како целосен идиот. Понекогаш тоа знаеше да биде толку лошо со одредени фудбалери поради што сите се прашувавме што се случува“, изјави рекордерот според број на настапи за шведската репрезентација.
Андерс Свенсон за Шведска одигра 148 натпревари, а од националниот тим се прости во 2013 година.
„Мислам дека Ибра на тој начин ги тестираше новите играчи. Како да сакаше да ги „скрши“ за да види од што се направени, можеби поради тоа тој е толку добар. Никогаш не сум имал проблем со него. Мислам дека секогаш не почитуваше нас повозрасните“, објаснува Свенсон.