Иако ја терал на опасни сцени: Музата од Тарантино, сепак, би соработувала со него


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Своевремено важеше за муза на Квентин Тарантино и беше главен лик во неколку негови култни филма.

Пред три месеци актерката Ума Турман изјави дека култниот режисер Квентин Тарантино пред 16 години ја натерал да глуми во многу опасна сцена во која лесно можела да настрада. Но, Турман сега вели дека повторно би соработувала со славниот филмаџија.

Имено, актерката претходно тврдеше дека каскадерска сцена со автомобили снимена за потребите на „Kill Bill 2“ и предизвикала хронична болка во вратот, затоа што сето тоа било изведено „толку невнимателно, дури на граница на кривично дело“.

„Доколку тој напише нешто одлично, би соработувала со него“, изјави Турман минатата недела.

Тарантино, пак, периодов го подготвува својот десетти филм како режисер, под наслов „Си беше еднаш во Холивуд“, со Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби во главните улоги.