Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Компанијата „Адидас“ откри кој ќе биде новата десетка на Манчестер Јунајтед во новата сезона.
Имено, на сајтот на официјалниот шоп при купувањето на дресови стои и името – Ибрахимовиќ 10.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ минатата сезона го носеше дресот со број девет, но него ова лето го превзема Ромелу Лукаку, а Белгиецот со погодоците на стартот ги оправда очекувањата.
Познатата „десетка“ на Јунајтед го чека својот сопственик после заминувањето на Вејн Руни, но реално во овој момент во тимот нема играч кој заслужува сега да ја наследи.
Како што се очекува Ибрахимовиќ би требало до крајот на оваа недела да стави потпис на нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед.