Иако е на 30 километри од брегот – на овој остров никој не смее да му се приближи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Островот Кеимада Гранде се наоѓа на околу 30 километри од брегот на Бразил, но на него е забрането да стапнете со нога, а за тоа постои многу добра причина.

Причината се крие во неговото второ име – Островот на змиите (или Змиски остров). Иако има површина од само половина квадратен километар, на него живеат од 2.000 до 4.000 златни змии, чиј отров е еден од најсмртоносните на светот.

Каснувањето од овој вид змии предизвикува смрт за помалку од еден час, а отровот е толку моќен што го распаѓа човечкото месо. Други последици од него се откажување на бубрезите, некроза на мускулното ткиво, крварење во мозокот и внатрешно крварење. Дури и ако веднаш добиете анти-отров, шансите да умрете уште се прилично големи, вели Smithsonian.

На островот живеат само змии кои главно се хранат со птици, а иако повремено имало неколку жители кои се грижеле за светилникот кој е изграден на островот, денес пристапот на ова место е строго забранет поради големата опасност.

Посетата на островот подлежи на голема парична казна, а забраната важи од 1985 со одлука на бразилската влада. Исклучок се единствено научниците кои можат да го посетат островот со дозвола.

Освен нив, островот ги привлекува и дивите ловци кои доаѓаат да ги ловат златните змии кои ги нема на ниту едно друго место на светот, освен на овој остров, а на црниот пазар достигнуваат цена од 10.000 до 30.000 долари.