И загадениот воздух допринесува за појава на дијабетес: Експерите тврдат дека бројката е поголема за 3,2 милиони луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експертите веруваат дека загадувањето допринесува на восплалително процеси во организмот и доведува до намалување на производство на инсулин.

Стучниот весник „The Lancet Planetary Health“, го пренесува истражувањењто од експерти од Универзитетот во Вашингтон во кое загадувањето на воздухот се поврзува со зголемен ризик од заболување од дијабетес. Се нагласува дека зголемениот риз бил присутен и при концентрација на загадување кое ги задоволува постојните одредби на Светската здравствена организација.

Експертите веруваат дека загадувањето допринесува за воспалителни процеси во организмот и доведува до намалување на инсулинот. Според новите тврдења, загадувањето на воздухот допринесува за појава на 3,2 милиони нови случаи на дијабетес годишно.

Станува збор за 14% од сите нови случаи на шеќерна болест кои се појавуваат секоја година. Се проценува дека од дијабетес страдаат 420 милиони луѓе.