И Заев негативен на коронавирус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на ресорот здравство, министерот Венко Филипче ја информираше јавноста дека тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е негативен.

Заев е во самоизолација, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако се обелодени дека позитивен на вирусот е новинарот на телевизија Канал 5, Гоце Михајловски кој ги интервјуираше двајцата лидери, пренесува Радио Слободна Европа.

Филипче порача дека со оглед на тоа што двата теста се негативни нема ризик и нема потреба да се тестираат луѓето кои биле во контакт со нив, ниту пак да се самоизолираат. Заев согласно препораките, според Филипче, ќе биде во самоизолација во времетраење од седум дена, со оглед на тоа што периодот на инкубација е 14 дена, а тој со Михајловски имал средба пред една недела.

Мицкоски и Заев во изолација, новинарот Михајловски хоспитализиран

Во однос на контактот на Михајловски со неговите колеги, Филипче посочи дека епидемиолозите биле во комуникација со одговорните од телевизијата и се направиле интервјуа со сите вработени коишто имале контакт, што се смета дека се од висок ризик. Од канал 5 информираа дека четворица вработени се во самоизолација.