И Заев и Груевски прогласија победа, тесна разлика од 1,24 насто – ДИК денес ќе се огласи за мандатите


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Никола Груевски и Зоран Заев прогласија победа на предвремените парламентарни избори. Иако финалните резултати сеуште не се официјални соопштени разликата меѓу двете најголеми партии е помалку од дваесет илјади гласа во корист на ВМРО ДПМНЕ, но бројот на пратеници е идентичен или само еден пратеник повеќе. Се шпекулира бројката од по 51 пратеник за двете партии.

ВМРО ДПМНЕ прогнозира дека соодносот на пратеници е 51 наспрема 49, додека од СДСМ велат дека резултатот е изедначен 51-51.

Ако се земе во обзир дека за мнозинство е потребно 61 пратеник допрва ќе претстои борба за коалицирање со партиите од албанскиот блок кои освоија пратенички мандати ДУИ, БЕСА, ДПА и Алијанса.

Никола Груевски половина час по полноќ се обрати пред членството и прогласи победа, нагласувајќи дека сега ќе се стави крај на кризата која ја наметна СДСМ.

Македонија повторно имаше фер и демократски избори на кои граѓаните демократски гласаа и кажаа своето мислење. Во фер и демократска атмосфера македонија постигна успех на овие избори. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори во Република Македонија. Ова е 10-та изборна победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ, 10-ти пат мнозинството граѓани гласаа и со најголем број го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија и тим. Кризата мора да заврши. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучително тежок противник и тоа знаете дека не беше само СДСМ, изјави Груевски.

Заев пак се обрати пред Владата на РМ каде СДСМ ја славеше победата на изборите и им се забалагодари на граѓаните кои гласаа за опозицијата.

Ги чекаме резултатите, но во моментот водиме со еден мандат повеќе. Падна режим со пенкало, со глас. Режимот падна. Победи животот . Бидете среќни и горди. Испишавте историја. Ќе имате што да им кажете на внуците. Јас се гордеам со вас. Македонија е горда земја, среќна земја. Ова се навистина историски моменти. Покажавме со многу трпение, со многу посветеност, му покажавме на цел свет, но најважно ставивме печат дека Македонија ќе биде слободна, напредна земја, единствена. Радувајте се! порача Заев.

Она што ги одбележа овие избори, покрај тесниот резултат меѓу двете партии од македонскиот блок, е поразот на ДУИ кој ќе освои 9 мандати што е за 10 помалку од изборите во 2014 година и неверојатно големито одзив на гласачите. БЕСА неофицијално има 5 пратенички мандати, ДПА 2 и Алијанса 1.