И Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина – Русија негира дека планира инвазија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, откако се рашири предупредувањата за наводна руска инвазија на земјата, објави Би-Би-Си.

Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија.

Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина, тврдејќи дека Русија може да ја нападне Украина во секое време.

Русија негира дека планира каква било воена акција во Украина.

Европската унија, за разлика од САД и Велика Британија, одлучи засега да не го повлекува дипломатскиот персонал од Украина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека нема да ги „драматизира“ тензиите, дека ЕУ не гледа причина за такво нешто и оти ќе побараат објаснување од САД за таквиот потег.