Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утрово многу високо и високо ниво на загаденост е регистрирано во Скопје на сите мерни станици, во Битола, Кичево и Тетово.
Според податоците на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот, многу високо ниво на ПМ 10 честички има во Центар, Лисиче, Гази Баба и кај Ректоратот. Во Скопје денеска е најавена прва научна конференција за аерозагадувањето на која ќе учетвуваат еколошките здруженија.
Загаденоста на воздухот во Mакедонија e на алармантно ниво. Суспендираните ПМ10 честички достигнаа и до 1.000 микрогранули на метар квадратен од дозволени 50 микрогранули.
Граѓаните ги полнат болниците, а надлежните не успеваат да се справат со отровниот воздух. Град Скопје за следната година најави дека ќе потроши 4 милиони евра за борба против загадениот воздух, но сепак тие неодамна признаа дека ефектот од мерките, граѓаните ќе го почувствуваат дури за 10 до 20 години.