Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска за јавноста соопшто дека нема да биде дел од новата Влада.
„Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар“, изјави Царовска за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.
„Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите“, рече Царовска.
Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.
Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.