И Трифонов „навреден“ од пописот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот на парламентарната партија во Бугарија „Има таков народ“, Слави Трифонов со негодување реагираше на резултатите од пописот во Македонија кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.

-Според таа служба резултатите се следни: 54,25% од сите преброени лица се определиле за Македонци, 29,52% се Албанци, 3,98% – Турци, 1,18% – Срби, 0,87% – Бошњаци, 0,34% – Власи. При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека ги објавиле податоците само за етничките заедници кои се застапени во македонскиот устав, реагира Трифонов и нагласува дека само 3. 504 граѓани се изјасниле како Бугари, а тоа е како воопшто да нема Бугари.

-Само во последните 2 години, кога светот го затвори пандемијата, бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“. Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја“, резимира Трифонов.

Понатаму тој додава дека зборувајќи логички, „ако Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени“.

-Значи, моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија ќе биде само дел од Западен Балкан, заклучува Трифонов во објавата на Фејсбук.