И таа си мавала Фотошоп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емили Ратајковски важи за една од најпопуларните убавици и заводнички на Инстаграм, но ако некој друг ги средува нејзините фотографии кои одат на социјалната мрежа, веднаш треба да го отпушти бидејќи очигледно е труп за Фотошоп. Ако ги средува сама – нека си пише единица по користење на оваа алатка.

Згодната моделка редовно објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, на кои во прв план најчесто ги става или своите гради, или својот задник. Овој пат станува збор за овој, вториот атрибут.

Со новата фотка која ја објави на Инстаграм, Емче разочара многу нејзини обожаватели поради лошата обработка на истата во Фотошоп.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Нејзиниот задник, кој „суптилно“ го фотографира во двоен план, и пред и на огледалната рефлексија, очигледно има доживеано катастрофална Фотошоп корекција (оној, одразениот „примерок“). Фановите веднаш распалија со критики за оваа нејзина грешка и пропуст.

Прашање е дали чупево стварно има потреба да ги средува своите атрибути во било која програма или апликација. Топ изгледа и без корекции.