И студентите во „Кузман“ не се ништо поарно од оние во „Пелагонија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И студентите кои се сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, во центарот на Скопје, ќе се удават во сопственото ѓубре, судејќи според фотографијата која кружи од вчера на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се појави нова фотографија од овој студентски дом, а прв во очи паѓа огромниот отпад.

Покривот на мензата на овој студентски дом е „сардисан“ од разновидно ѓубре, шишиња, разни хартии, најлони, кои очигледно е дека ги фрлиле студентите од своите соби.

Треба да се напомене дека ѓубрето на ваквите места е насобирано со години, можеби и децении. Покрај тоа што се жалаат на лошите услови во кои се сместени – проблем кој мора да биде под итно решен, студентите очиглдно треба малку да поработат и на личната хигиена, чувство за јавна чистота и совест.