И среда со пороен дожд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Среда ќе ја започнеме со врнежливо време. Продолжува дождот од вторник навечер, со тоа што локално во текот на ноќта ќе биде поинтезнзивен. Во западниот крај ќе има и повремени грмежи. Врнежите ќе продолжат се до попладневните часови, кога циклонот кој е и одговорен за оваа серија врнежи, ќе се преместува кон исток. Ноќта кон четврток ќе донесе разведрување.

Генерално, најзначаен наврнат воден талог од врнежите во среда се очекува во западниот дел од земјава. И струењето на воздухот ќе се промени, па од јужно, утревечер ќе се промени во северно, што ќе донесе и пад на температурата кој ќе се почувствува во ноќта кон четврток.

Јужното струење во претпладнето и дел од попладнето ќе услови висока температура, барем според ноемвриски стандарди. Максималната ќе има вредност помеѓу 14°С и 16°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 12°С.

Скопскиот регион очекува облачно и врнежливо време. Повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Навечер облачноста ќе се намалува, а врнежите ќе престанат. Температурата нема да намине 16°С.