Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информации кои ги добила и пренесува „Телевизија 24“, и Зоран Ангелов, претседателот на СДСМ Гостивар, е вработен во државната ЕЛЕМ.
Тој од пред некој ден е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“. Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата дека со последниот оглас кај нив добил работа и Ангелов, како инженер за машинско одржување, на неопределено време.
Ангелов за ТВ 24 само поврди дека е вработен во ЕЛЕМ, а за детали не упати да прашаме во компанијата.
„ЕЛЕМ се одговорни за се, нив прашајте ги. Не знам кога беше огласот, видете со нив“- изјави Ангелов кој беше на состанок.
Ова е уште едно од серијата вработувања со партиска позадина во ЕЛЕМ.