И понеделник неработен: Ова училиште воведува четиридневна наставна недела


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Илјадници ученици кои посетуваат настава во училишниот округ „27Ј“ од Колорадо, САД, се дел од учениците од вкупно 560 окрузи кои ќе имаат четиридневна наставна недела, откако округот реши да го воведе овој модел на образовен систем со кој и понеделникот е неработен ден и за наставниците и за учениците.

Од овој училишен округ во САД се надева дека ќе заштеди околу еден милион долари, без да мора да плаќа наставници на замена, а со тоа што училишните автобуси ќе возат еден ден помалку во неделата, заштедата ќе биде околу 700.000 долари. Од училиштето сметаат дека заштедата ќе се зголемува со текот на времето бидејќи администраторите ќе најдат нови начини за подобрување на ефикасноста. Освен тоа, ќе има и други бенефиции, бидејќи наставниците ќе имаат повеќе време да ги реорганизираат, подготват и развијат своите лекции.

Официјалните лица од округот велат дека ова ќе биде драстична промена за учениците, семејствата и заедниците, но од округот не може да се очекува да направи повеќе со помалку финансиски средства. Планирано е округот да нуди грижа за децата во понеделник за 30 долари од дете дневно. Но, луѓето се грижат за фактот дека учениците од таквите семејства имаат тенденција да се потпрат на државните училишта за повеќе од половина од оброците неделно. Затоа, окружната администрација треба да размисли и за други опции, пред да може да се донесе одлука за скратена недела, како што се отпуштања на персоналот, зголемување на класовите, намалување на финансирањето или намалување на специфични програми.

За да се обезбеди ист квалитет на учење и курсеви, преостанатите училишни денови треба да се продолжат еден час или подолго. Сепак, повеќето од училиштата се убедени дека учениците ќе добијат повисок квалитет на настава по овие промени.