И покрај критиките на експертите, ќе се предложи референдумско прашање со осум непознати!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И покрај бројните критики од експертската јавност како и бројни реакции по социјалните медиуми, премиерот Заев потврди дека Собранието ќе изгласа прашање за референдум кое всушност има осум непознати – „Дали сте за членство во ЕУ и Нато со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

Имено, како што пишуваше во голем број медиуми, ова манпипулативно прашање во себе содржи осум можни одговори. Некој да биде за ЕУ и НАТО, но против договорот, некој да биде за ЕУ и договорот, но против НАТО, некој да биде против сите можни опции и тн. Според дел од експертите за стапување во сојуз се бара задолжителен референдум во кој ќе мора ЗА да бидат над 50%+1 од гласачите.

Друг проблематичен дел во ова прашање е што договор „меѓу Република Македонија и Република Грција“ како таков не постои. Има договор помеѓу „Грција и втората страна“ кој предвидува по неговото изгласување дека ќе се преименува во Република Северна Македонија и за внатрешна употреба. Самиот договор е спорен во многу точки и предвидува целосна промена на идентитетот во надворешните односи, промена на официјалната историографија, како и забрана за користење на македонски симболи во идната северномакедонска држава. Покрај тоа, со овој договор, досега признатиот македонски јазик ќе биде ставен со фуснота дека припаѓа на групата јужнословенски јазици, каква што пракса не постои никаде во светот, ниту за српскиот, бугарскиот или за рускиот јазик.

Договорот предизвика голем револт во социјалните мрежи каде што се започна со акцијата #бојкотирам. Се повеќе луѓе се приклучуваат кон оваа акција сакајќи да си го зачуваат своето вековно име и идентитет.


Но и покрај тоа, премиерот Заев најави дека такво ќе биде прашањето, со цел да се избоксува промената на уставното име и идентитетот, под превезот зад некакво можно членство во НАТО и ЕУ, кое не е загарантирано.

– Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието. Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со пратеничката група на СДСМ, ДУИ и сите други пратенички групи и пратеници од мнозинството, огромно е мнозинството на пратеници кои со свој потпис стојат зад отпочнување на иницијативата за распишување на референдумот – изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Таквата предлог одлука за распишување на референдумот е доставена до собраниската архива. Предлогот одлуката има 5 члена, во првиот член стои дека реферндумот е за консултирање со граѓаните и во него е наведено и реферндумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и Нато со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

За датум на референдумот е предложен 30-ти септември.

Според собраниски извори, седницата најверојатно ќе биде во 15 часот.

На предлогот се потпишале пратениците од СДСМ, ДУИ, ДПА и двете крила на БЕСА, додека нема потпис од пратеници од Алијансата за Албанците кои го подржуваат реферндумското изјаснување.